Барселона за новата сезона постигна договор со двајца напаѓачи. На „Ноу Камп“ ќе пристигнат Серхио Агуеро и Мемфис Депај. ЕСПН, тврди дека првиот човек на клубот, Џоан лапорта, има желба да го донесе и најдобриот шпански стрелец, сезонава во Ла Лига, Џерар Морено.
Шпанскиот репрезентативец, досега во сезоната има постигнато 21 гол. Според овој извор, Барселона би го потпишале Морено доколку тој се согласел да им биде резерва на Меси, Агуеро и Депај.
Тешко дека Морено, кој игра во одлична форма и кој сигурно ќе патува со Шпанија на ЕУРО 2020, би се согласил да биде резерва. Втората работа поради која оовј трансфер е речиси невозможно да се реализира е откупната клаузула на фудбалерот.
Морено е слободен за 100 милиони евра. Барселона се наоѓа во тешка финансиска ситуација, тешко е да се верува дека за резервен напаѓач клубот би издвоил толку пари напаѓач кој би бил резерва.
Подолг период, интерес за напаѓачот покажува Атлетико Мадрид.