Top Sport

Морено подготвен да му го предаде селекторското место на Луис Енрике

Роберто Морено вели дека воопшто не би било проблем тој да му го препушти селекторското место на Луис Енрике, доколку поранешниот тренер на Барселона сака да ја предводи Шпанија.

Морено стана селектор откако Луис Енрике во јуни се повлече од позицијата, одлука која тогаш беше објаснета со „семејни причини“ од федерацијата, но минатата недела Енрике потврди дека неговата деветгодишна ќерка Чана почина по петмесечна борба со рак на коските. Претседателот на федерацијата, Луис Рубиалес изјави дека Луис Енрике би можел да се врати, а Морено вели дека го поддржува во тоа.

„Се работи за нешто што се случи многу блиску и нема да зборувам за тоа. Луис за мене е пријател и пријателството доаѓа пред сѐ дурго. Ако еден ден сака да се врати, со задоволство ќе се тргнам и ќе работам со него“, изјави Морено.

Сите мечеви во Ла лига почнаа со минута молк за ќерката на Енрике, а шпанската репрезентација го направи истото на тренингот во понеделникот. Морено работеше со Луис Енрике во Барселона, Рома и Селта Виго.

Scroll to Top