Top Sport

СЕХА: Пекинг само „загревање“ за Вардарци (видео)

Вардар имаше лесен почеток на одбраната на титулата од СЕХА лига, откако со 37:23 (19:12) го совлада најнеобичното „засилување“ за регионалното натпреварување, кинескиот клуб на Универзитетот на Пекинг.

Кинескиот ракометен проект е предводен од поранешниот хрватски голман, а сега тренер, Владо Шола, и целта е да се добие искуство во едно од најсилните ракометни натпреварувања на светот, и секако високиот пласман не е голема обврска.

Вардарци ја имаа контролата на мечот од стартот до финишот, а тренерот Писонеро имаше можност да направи доста ротации со своите играчи. Со по шест постигнати голови најефикасни беа Димитар Димитриоски, Данил Шишкарев и Павел Атман (кој имаше 6-од-6), додека на голот, Гедебане Халифа одбрани 13 удари. За кинескиот тим, најсветла точка беше Кинглонг Ксие, кој успеа да постигне дури 9 гола.

Фото: СЕХА

Scroll to Top