Top Sport

Јуве ќе биде без Кјелини дури шест месеци!

Јувентус потврдија дека нивниот капитен Џорџо Кјелини ќе отсуствува од фудбалските терени „околу шест месеци“ откако ветеранот беше на операција на коленото.

Кјелини ги скинал лигаментите во своето десно колено минатата недела и во вторникот беше на операција во Австрија, и од Јувентус потврдија дека се работи за „совршено успешен“ зафат и дека го очекуваат назад во составот на почетокот на март.

35-годишниот столб на одбраната на „бјанконерите“ претходно беше изоставен од составот за Лигата на шампионите, заедно со Емре Џан и со Марио Манџукиќ. Тројцата можат да бидат вратени во тимот за нокаут-фазата.

Scroll to Top