Top Sport

Морено: Вилјареал успеа да елиминира великан, покажавме дека сме способни за големи нешта

Вилјареал направи големо изненадување елиминирајќи го Јувентус во осминафиналето на Лигата на шампионите. Шпанскиот тим славеше со 0:3 во Торино, а сите три гола беа постигнати во завршницата од дуелот.

Жерар Морено погоди од пенал, Пау Торес зголеми на 0-2, а потоа Данџуба уште еднаш реализираше пенал за гостите.

„Победивме голем ривал на неговиот стадион. Ова е навистина фантастично. Честитки за момците, сите беа фантастични. Јас добив можност во вториот дел, а иако не го реализирав претходниот пенал, сите имаа доверба во него. А и јас воопшто не се сомневав дека ќе погодам. Покажавме дека Вилјареал секогаш е способен да ги победи и најдобрите“, изјави Жерар Морено по пласманот на Вилјареал во четвртфиналето на ЛШ.

Scroll to Top