Пирс Морган, познатиот англиски новинар и водител, но и страствен навивач на Арсенал застана во одбрана на Пјер-Емерик Обамејанг, обвинувајќи го менаџерот Микел Артета дека јавно го „понижува“ откако тој ја загуби капитенската лента по доцно враќање од Франција каде што наводно бил посета на својата болна мајка.
Обамејанг стана вториот капитен на Арсенал во низа кој ја загубил капитенската лента по Гранит Џака, откако Артета реши да го казни за доцното враќање од посетата на Франција. Без него, Арсенал со 3:0 ги победија Саутемптон и беа со 2:0 подобри од Вест хем за да се искачат на четвртото место на табелата.
„Но, Обамејанг е достапен, но неговиот менаџер сака јавно да го понижува за тоа што отиде да ја види својата болна мајка“, вели Морган.
Во објавата на Арсенал се велеше дека очекуваат од сите фудбалери, посебно од капитенот да ги почитува правилата и стандарди поставени од клубот.