Андреј Мостовој ќе го пропушти Европското првенство. Репрезентативецот на Русија, во петокот претпладне добил позтивен тест на коронавирусот. Мостовој веднаш го напуштил тренинг-кампот во Санкт Петербург.
Селекторот на Русија, Станислав Черчешов, на местото на фудбалерот на Зенит, го повикал десниот бек на Динамо Москва, Роман Евгенев.
Десниот бек, Евгенев, беше на поширокиот спикот, но не влезе меѓу 26 играчи кои ќе ја претставуваат Русија на ЕУРО 2020. На крајот сепак ќе има можност да биде дел од шампионатот.
Русија, првиот натпревар на првенството ќе го одигра во сабота од 21 часот, против Белгија.