Top Sport

Јунајтед понудиле богатство за Кулибали

Манчестер Јунајтед, во понеделникот, испратиле понуда во Неапол, за Сенегалецот Калиду Кулибали. Според италијанските медиуми Јунајте биле подготвени да издвојат 110 милиони фунти за дефанзивецот на Наполи.

Оле Гунар Солскјер доби постојан договор со Манчестер Јунајтед и најави големи промени во тимот за наредната сезона. Најболна точка на овој Јунајтед ие одбраната и Норвежанецот е подготвен да ги урне сите сите рекорди, кога се работи за играч од одбраната, само за да го донесе Сенегалецот.

Во минатото првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, одбивал понуди за Кулибали, но се чини дека на оваа нема да може да и одолее.

Доколку Наполи прифати 110 милиони фунти, тогаш Кулибали, кој неколку сезони игра на високо ниво, ќе стане најскапиот дефанзивец и еден од најскапите фудбалери во историјата.

Кулибали е играч на Наполи од ју и 2014 година кога Де Лаурентис на Генк им плати 8,5 милиони евра.

Scroll to Top