Top Sport

Моура го напушта Тотенхем

Бразилскиот фудбалер Лукас Моура ќе го напушти Тотенхем на крајот на сезоната по пет сезони минати во клубот, потврди клубот.

Моура, кој имаше проблеми со повреди оваа сезона, пристигна во Тотенхем во 2018 година од Пари Сен Жермен и оттогаш одигра 219 натпревари и постигна 38 голови.

Бразилецот сигурно ќе влезе во историјата на лондонскиот клуб со неговиот хет-трик во реваншот од Лигата на шампионите против Ајакс во 2019 година, Тотенхем се пласира во финалето, каде подоцна загуби од Ливерпул (2:0).

„Каде и да сум, моето срце секогаш ќе биде тука. Ова е мојот клуб и ова секогаш ќе биде мојот дом“, напиша 30. годишниот Моура на социјалните мрежи.

Scroll to Top