Реал Мадрид и Јувентус, кажано со речникот што се користи во НБА лигата, во јануари подготвуваат ‘трејд’ на фудбалери.
Италијанските медиуми шпекулираат дека во Мадрид ќе се пресели Алкес Снадро, кој е незадоволен бидејќи клубот не сака да му ја зголеми платата. За Реал платата на Бразилецот нема да биде некаков проблем, па поради тоа во Торино ќе го испрати неговиот сонародник, кој е инаку добар пријател со Кристијано Роналдо, Марсело.
Тука нема да заврши пазарот помеѓу двата клуба, бидејќи Јувентус имал намера да го донесе голманот Кејлор Навас. Наводно во Торино сакале повторно да имаат голман од светска класа, иако Полјакот Војчех Шчешни брани во одлична форма.
Според италијанските медиуми, Навас веќе барал куќа за престој во Торино.