Top Sport

Можна промена во Ливерпул: Осимен од Наполи може да дојде на местото на Салах

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен може да ја продолжи кариерата во Ливерпул.

Според „Мирор“, англискиот клуб во 24-годишниот Нигериец гледа соодветна замена за Мохамед Салах, кој може да го напушти тимот.

Во тековната сезона, Осимен одигра 10 натпревари на кои постигна шест гола и една асистенција.

Осимен кој беше еден од најзаслужните за минатогодишната шампионска титула на Наполи, не е во најдобри односи со тренерот на италијанскиот клуб Руди Гарсија.

Scroll to Top