Роналдињо продолжи со конфликтот со бразилските власти, откако државата Рио Гранде до Сул му ги конфискуваше луксузните автомобили и друг имот од неговиот дом во Порто Алегре, вклучувајќи уметнички дела и маса за снукер.
Поранешниот фудбалер на Барселона и светски шампион со Бразил, е обвинет дека заедно со неговиот брат Роберто граделе нелегално платформа за рибарење во февруари 2015 година, по што добија казна од 8.5 милиони бразилски реали (околу 2 милиони евра).
Заедно со компанијта „Рено констракшн“, Роберто и Роналдињо граделе рибарска платформа на заштитеното езеро Гуајба без дозвола, и откако не ги платиле „комуналиите“, државата реши да му ги замрзне банкарските сметки и побара одземање на пасошот.
Иако на неговата сметка имаше само 24.63 бразилски реали (околу 5 евра), се верува дека 38-годишниот Роналдињо има пари да ја плати казната, но дека одбива да го направи тоа.
„Одделот за заштита на животната средина во Порто Алегре во средата наутро, со налог за барање и одземање на возилата и друга луксузна роба влезе во домот на Роберто де Асис Мореира. При извршувањето на налогот, се пронајдени три луксузни возила, уметничко дело од артистот Андре Берардо, како и други луксузни работи, како телевизори и снукер маси“, се вели во соопштението на обвинителството.
Одземен пасошот на Роналдињо, должи 2 милиони евра, на сметка има 5 евра!