Top Sport

Му ја украдоа „Фиат Пандата“ на Лучано Спалети

Фантастичниот старт на Наполи на новата сезона во Серија А под водство на тренерот Лучано Спалети не ги убеди криминалците да го поштедат, откако неговиот автомобил беше украден од пред хотелот во кој тој живее.

Според „Ла газета дело спорт“, автомобилот од типот „Фиат Панда“ бил украде само два дена откако некој на истиот паркинг го украл возилото на сопругата на фудбалерот Диего Деме.

Тренерот ја пријавил кражбата до локалната полиција, откако се префрли од својот Мерцедес на урбаната „Панда“ додека е во Неапол.

Scroll to Top