Фудбалерот на Јувентус Паоло Дибала порачал дека се чувствува добро откако се излечи од коронавирусот. За италијанските медиуми тој проговорил за односот што го има со Кристијано Роналдо.
Доаѓањето на Роналдо во Јувентус можеше да значи и крај за Дибала во тимот од Торино меѓутоа Аргентинецот игра одлично оваа сезона, ќе добие нов договор и поголема плата, а ќе биде промовиран и во еден од клупските капитени.
Дибала е еден од ретките што имал можност да игра со двајцата најдобри во светот, Роналдо и Лионел Меси.
„На многу теми разговараме со Роналдо. Еднаш му кажав: ‘Кристијано ние во Аргентина малку те мрзиме. Поради тоа како играш, одиш, се однесуваш…’За нас Меси е број 1, јасно е зошто тој не е омилен кај напиот нареод“, рекол Дибала.