Српскиот стручњак на клупата на италијанска Болоња, Синиша Михајловиќ е во фокусот на интересирање на „Чизмата“ со она што го стори по мечот што неговиот тим го доби против Парма (4-1).
Иако беше задоволен од играта на неговите фудбалери, сепак тој ги загуби нервите при давањето изјава за „Скајспорт“.
Додека стратегот го чекаше прашање од телевизиското студио, водителот на емисијата најави реклами, па тука „пукна филмот“ на Србинот.
„Принуден сум да ве прекинам затоа што ни претстои подолг блок реклами“ рече водителот Алесандро Бонано, на што Михајловиќ возврати:
„Не можам после да разговарам. Вие можете да правите распоред каков што сакате, но така работите не функционираат. Пуштете ме да завршам, нека оди моето интервју на `Скајспорт24`“.