Top Sport

Поранешната девојка го обвинува Зверев за семејно насилство, но АТП вели дека нема докази

Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП) објави дека нема доволно докази за да се казни германскиот тенисер Александар Зверев за семејно насилство. Поранешната девојка го обвини Зверев, во моментот 14. тенисер на АТП-листата, за физичко малтретирање.

АТП започна независна истрага во октомври 2021 година, а денеска објави дека нема докази за казнување и дека овој случај е затворен од нивна страна.

Олга Шарипова, поранешната девојка на актуелниот олимписки шампион, прво пишуваше за физичко насилство на социјалните мрежи, а подоцна во интервјуа изјави дека Зверев ја тепал, ја гушел со перница и ја заклучувал во хотелски соби. Германскиот тенисер ги демантираше сите овие наводи.

АТП нагласи дека нема основа за изрекување дисциплински мерки, но дека ќе преземе дополнителни чекори доколку се појават нови докази.

Scroll to Top