Младиот навивач кој му прати на напаѓачот на Хадерсфилд, Арон Муј пет фунти поради „добрата игра“ против Манчестер јунајтед, се сретна со австралискиот фудбалер откако доби покана да го посети клубот од Јоркшир.
Деветгодишниот Адам Бана му ги пратил парите, кои ги пронашол одејќи си дома од стадионот во саботата, заедно со писмо со благодарност за Муј, кој беше човек на мечот во 2:1 победата над тимот на Јунајтед.
Како награда, младиот навивач беше почесен гостин на „ППГ Каналсајд“ тренинг-центарот на премиерлигашот, каде што беше примен од играчите и доби подароци.
„Прекрасно е да добиеш такво писмо. Детето е добро воспитано и беше одлично да се видиме со него“, изјави Муј.