Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко поради повреда ќе отсуствува од терените околу шест недели и ќе го пропушти натпреварот против Челзи.
Мукоко ги повреди лигаментите на коленото во саботата против Вердер Бремен, кој неговиот тим го доби со 2:0.
„Тоа е лоша порака за него и за нас, особено во оваа фаза од сезоната“, изјави спортскиот директор на Дортмунд, Себастијан Кел.
Мукоко оваа сезона постигна шест гола и имаше четири асистенции на 18 првенствени натпревари.
Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, Борусија во среда ќе го пречека Челзи во Дортмунд.