Top Sport

Мурати и Бејтулаи славеа јубилеј, Шкендија ја победи Македонија ЃП

Шкендија ја победи Македонија ЃП со 3.1 (2:1) во единствениот натпревар што се одигра во саботата, во рамките на домашното првенство.

Пред почетокот на натпреварот, Шкендија ги обележи јубилејните настапи на Бејтулаи и Мурати. Прпотив Македонија ЃП, Бејтулаи го одигра 300., а Мурати 200. натпревар во дресот на Шкендија.

Шкендија до 35 минута обезбеди предност од два гола, стрелци беа Милев и Чинари. Четири минути по голот на Челари, Македонија ЃП возврати со голот на Фазли.

Стојковски, во вториот дел имаше голема шанса, но не успеа да го израмни резултатот. Казната за екипата од Ѓорче Петров ја стигна во 68.минута кога Рамадани ги постави конечните 3.1.

Шкендија со оваа победа дојде до минус од два бода во однос на Струга. Стружани утре против Беласица ќе го одиграат совјот натпревар.

Фото/facebook.com/fcshkendija

Scroll to Top