Top Sport

Мурињо: Аргентинскиот селектор Скалони треба да ми прати неколку шишиња вино

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо имаше само пофални зборови за Пауло Дибала и очекува напаѓачот да има клучна улога за Аргентина на Светското првенство во Катар, порачувајќи му на селекторот Лионел Скалони да му прати „неколку шишиња вино“.

Дибала постигна два гола при вчерашната 3:0 победа над Монца, и Мурио вели дека формата на поранешниот фудбалер на Јувентус е во нагорна линија.

„Пауло има историја на повреди, но сега се подобрува. Мислам дека ова е добар знак за тоа што следува во Катар за Мундијалот. Можеби Лионел Скалони треба да ми прати неколку шишиња вино, бидејќи ќе има достапен фантастичен фудбалер“, вели Мурињо.

28-годишниот Дибала пристигна во Рома на слободен трансфер во јули откако имаше потпросечна сезона во Јувентус, кои решија да не му го продолжат договорот.

Scroll to Top