Top Sport

Вулверхемптон го потврдија трансферот на Калајџиќ

Вулверхемптон го комплетирааа трансферот на напаѓачот на Штутгарт, Саша Калајџиќ за 15.3 милиони фунти, со што австрискиот репрезентативец станува четврто засилување за тимот на Бруно Лаже.

25-годишниот Калајџиќ претходно беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед, но наместо тоа потпишува петгодишен договор со Вулфс како четврто
засилување по Гонсало Гуедеш, Матеуш унеш и Нејтан Колинс.

Калајџиќ, кој има 200 сантиметри, станува петтиот највисок играч во историјата на Премиерлигата, зад Костел Пантилимон, Ласина Траоре, Питер Крауч и Никола Жигиќ. Тој има 15 настапи за австриската репрезентација, а за Штутгарт има 24 гола во 60 настапи.

Scroll to Top