Top Sport

Разбојниците му ја скршиле вилицата на Обамејанг – Под знак прашалник е неговиот трансфер во Челси

Минатиот викенд Пјер-Емерик Обамејанг беше мета на разбојници, а во таа прилика се здобил со непријатна повреда.

Габонецот кога тргнал да го заштити семејството од четворица вооружени разбојници, добил непријатен удар во лицето, од ударот му напукнала вилицата.

Оваа приказна ексклузивно ја откри новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн, кој тврди дека оваа ситуација се одразила на преговорите меѓу Барселона и Челзи, но дека не се знае дали трансферот пропаднал.

Наводно, не е исклучено Обамејанг да замине на позајмица во Лондон, а за денеска е закажана нова рунда преговори поради оваа вонредна ситуација, откако неговите агенти заминаа во Лондон.

Проблемот е што Обамејанг сепак ќе мора да оди на операција, а Жерар Ромеро се надоврза на приказната на „Атлетик“ и потврди дека Габонецот ќе отсуствува околу еден месец.

Тоа всушност и не е толку страшно, бидејќи во втората половина на септември ќе има репрезентативна пауза, па Аубамејанг би можел да биде достапен веднаш по паузата, кога распоредот е најфреквентен, поради трите кола во Лигата на шампионите.

Челзи и Барселона сигурно ќе ги продолжат преговорите денеска, оваа повреда би можела да има влијание на некој начин, но не многу, бидејќи Габонецот ќе може да ја одржува физичката форма во текот на закрепнувањето и да биде подготвен веднаш штом му заздрави вилицата.

Scroll to Top