Жозе Мурињо поварал Манчестер јунајтед да покажат дека му веруваат на долги патеки со трошење на „многу пари“ за Милан Шкринијар од Интер и Алесио Ромањоли од Милан уште во јануари, тврди „ЕСПН“.
По разочарувачкиот старт на сезоната имаше голем број на шпекулации дека Мурињо е на „излезна врата“ од „Олд Трафорд“ и дека веќе се направени контакти со Зинедин Зидан, меѓутоа од тоа засега ништо. Мурињо сега бара јавна поддршка со пари, за кои сметаше дека требаше да му бидат дадени уште во летниот преоден рок.
Тој сакаше да потроши околу 100 милиони фунти за засилувањето на одбраната по второто место во Премиер лигата зад Манчестер сити, но потроши 68 милиони фунти за играчот од средниот ред Фред, за крилото Диого Далот и за голманскиот ветеран Ли Грант.
Според „ЕСПН“, по неуспехот да се купат Тоби Алдервирелд, Џером Боатенг и Диего Годин, фокусот се префрлил на младите Шкринијар и Ромањоли – кои имаат по 23 години. Мурињо претходно донесе двајца дефанзивци – Ерик Баји и Виктор Линделоф, но нивниот квалитет е под „лупа“. Баји беше заменет за само 18 минути против Њукасл во саботата, но на негово место не влезе Линделоф, туку играчот од средниот ред Скот Мектоминеј.