Жозе Мурињо јасно му порачал на Пол Погба дека веќе нема никогаш да ја носи капитенската лента на Манчестер јунајтед откако коментарите на Французинот по 1:1 ремито со Вулверхемптон толку го налутиле Португалецот.
Повеќе англиски медиуми како „Тајмс“, „Телеграф“ и „ЕСПН“ тврдат дека Мурињо бил бесен по коментарите на Французинот за тоа дека на „Олд Трафорд“ Манчестер јунајтед мора да „напаѓа, напаѓа, напаѓа“. Мурињо не дозволува таква „недисциплина“ и потценување на неговата стратегија и во вторникот јавно го прозвал Погба на тренингот во седиштето на клубот во Керингтон, каде што јасно порачал кој е „главниот“.
Погба трипати беше капитен оваа сезона во отсуство на Антонио Валенсија, но вечерва нема да игра во меч од Карабао купот против Дерби.
Ова е само уште една епизода во „сагата“ помеѓу Мурињо и Погба, по големиот број на инциденти минатата година, но и во новата „осредна“ сезона. Прво Погба изјави дека би бил казнет ако го каже своето мислење по 2:1 победата над Лестер на стартот на сезоната, пред да признае дека „односот не бил најдобар“ при 3:2 поразот од Брајтон.
Погба контра Мурињо: Кога сме дома мора да напаѓаме, ова е „Олд Трафорд“!