Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ги почестил своите играчи и членовите на стручниот штаб по победата во првото коло од Серија А против Салернитана. Во Салерно, Рома, победи со голот на Брајан Кристанте.
Харизматичниот Португалец нарачал 60 пици, со што сакал да покаже колку му значи победничкиот стар во сезоната.
Рома, победникот на Конференциската лига од минатата сезона, се засили во текот на летото и многумина прогнозираат дека би можеле да се вмеша во борбата за Скудетото.
Како слободни играчи пристигнаа Паоло Дибала и Немања Матиќ, а од ПСЖ на позајмица дојде Џини Вајналдум.
Во Рим сака да се пресели и Андреа Белоти, неодамнешниот капитен на Торино. Тој трансфер ќе се реализира само под услов Рома да го продаде Елдор Шомуродов.