Top Sport

Мурињо го сака Хаким Зијеш во Рома

Мароканскиот интернационалец Хаким Зијеш сака да го напушти Челси, а за него се интересираат Барселона, Милан и Тотенхем. Но, во трката сега сериознос е вклучува и Рома, по барање на Жозе Мурињо.

Португалскиот стратег и раководството на „волчицата“ стапиле во контакт со агентот на Зијеш и му ја претставила можноста крилниот напаѓач да се пресели на „Олимпико“.

Овој потег на Рома доаѓа по желбата на Николо Заниоло да го напушти „вечниот град“.

Сепак, има еден проблем, секако, финансиски. Напаѓачот заработува 6.500.000 евра годишно на „Стемфорд бриџ“, а италијанскиот клуб не може да му ги понуди тие пари.

Договорот на Зијеш со Челси истекува во летото 2025 година.

Scroll to Top