Менаџерот на лондонски Арсенал, Микел Артета е заинтересиран да го доведе на „Емирати“ Хаким Зијеш од Ајакс во јануарскиот преоден рок, а истата желба ја има и стратегот на Тотенхем, Португалецот Жозе Мурињо, пишува „Калчомеркато“.
Зијеш од поодамна е желба на големите европски клубови, а најчесто се споменуваше негов трансфер во Баерн Минхен. Сега лондоснките клубови се појавија како опција.
Дека нивниот интерес е сериозен зборува и фактот што во Ајакс бил одржан состанок на кој било утврдено дека Зијеш не смее да си оди од Амстердам за понуда пониска од 50 милиони евра.
Арсенал се соочува со кадровски проблеми и ќе мора да вложи пари ако сакаат „топчиите“ да се борат за едно од првите 4 места на табелата од каде сега се одалечени цели 9 бода.
Од друга страна Тотенхем е добро покриен во офанзивната линија, но секако би профитирале со доведување на играч од калибарот на Зијеш.