Top Sport

Мурињо и Гвардиола во глас – Ливерпул се шампиони

Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, по вчерашно дерби во кои Тотенхем со 2:0 ги победи Манчестер сити, се согласуваат околу една работа, дека титулата ќе ја освои Ливерпул.

„Црвените“ од Енфилд роуд по 25 кола имаат 22 поени повеќе од Манчестер сити и 25 од Лестер.

Математички Ливерпуп треба да забележат уште шест победи во завршните 13 рунди за да ја обезбедат првата титула по 30 години.

Под услов да победат во наредните шест кола, Ливепрул титулата би ја прославила на 21 март кога играат против Кристал Палас.

„Уште во ноември имав чувство дека Ливерпул ќе бидат први оваа сезона. Знам колку е тешко да се биде шампион во Премиер лигата три години по ред“, рекол Мурињо потсетувајќи дека Манчестер сити ја освојувале титулата последните две години.

„Далеку се пред сите, мислам дека се незапирливи. Имаат многу поени, а ние на сличен начин како и денес изгубивме многу поени. Последните две сезони сите зборуваа дека е лошо што Сити ја освојува лигата. Говореа дека некој мора да го запре Сити повторно да не освои 100 поени. Сега треба да се грижат тоа да не го направи Ливерпул“, рекол Гвардиола.

Scroll to Top