Top Sport

Се појави снимка од „грабежот“ по кој беше уапсен Мекгрегор (видео)

Американскиот веб-сајт „ТМЗ“ објави видео на кое се покажува УФЦ мега-ѕвездата, Конор Мекгрегор како „стапнува“ на телефонот на навивачот во Мајами, по што беше уапсен од локалната полиција.

Ирецот беше обвинет од полицијата во Мајами за грабеж и ситен криминал, откако му го грабна мобилниот телефон на фанот пред  „Фонтенблу“ хотелот, пред да биде пуштен истата вечер со кауција од 12.500 долари.

„Жртвата“, британскиот државјанин Ахмед Абдирак бил на одмор на Флорида кога го сретнал Мегкгрегор како излегува од еден ноќен клуб. Според него, тој му грабна телефонот додека се обидувал да направи фотографија, пред да го згазне и да избега со него.

Во април 2018 година, Мекгрегор беше уапсен во Њујорк поради нападот на автобусот во кој беа неколку УФЦ борачи, за што доби казна од три дена за посетување на курс за менаџирање на гневот, и пет дена социјална работа.

Мекгрегор уапсен поради грабеж и хулиганство

Scroll to Top