Top Sport

Одбојкарите посакуваат победа над БиХ на стартот на Европската сребрена лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја стартува новата сезона во Европската сребрена лига. Нашите најдобри одбојкари вечерва (20.15 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ја пречекаат селекцијата на Босна и Херцеговина, која ќе ја предводи новиот селектор Душко Николиќ, кој до минатата година беше на кормилото на македонската селекција.

„Не ја познаваме многу селекцијата на БиХ. Имаат нови одбојкари, нови примачи, ново либеро и два нови средни блокери. Секако, ќе играме на победа. Сакаме да ја израдуваме македонската публика и да ја отвориме Европска сребрена лига со триумф“, вели Никола Ѓорѓиев.

Селекциите на Македонија и на БиХ минатата година имаат два дуели за ЕП и поуспешна беше нашата репрезентација.

Scroll to Top