Манчестер јунајтед се менуваат за да му ја „погодат“ играта на Пол Погба, вели менаџерот на тимот Жозе Мурињо по импресивниот меч на Французинот против Стоук, кога асистираше за два гола при 3:0 победата.
24-годишниот Французин има добра сезона со Јунајтед со девет асистенции и три гола во 13 лигашки мечеви, откако речиси цел месец беше оддалечен од терените со повреда. Мурињо го испофали својот играч.
„Тој ја движеше топката фантастично, со долги додавања и креираше многу проблеми за противникот. Имаше асистенција и ако го постигнеше голот од слободен удар во финишот на натпреварот ќе беше целосно заслужено. Мислам дека му се допаѓа како игра тимот бидејќи се менува за да му помогне токму нему“, вели Мурињо.