Top Sport

Мурињо ќе го продаде Ериксен

Играчот на Тотенхем Кристијан Ериксен во јануарскиот преоден рок ќе го напушти клубот, за кого со договорот е врзан до крајот на сезоната.

Во Тотенхем се надеваа дека со семната на тренерот и Ериксен ќе го смни мислењето и ќе потпише нов договор, меѓутоа тој решил да истрае во намерата. „Дејли Мејл“ пишува дека наредниот месец тој ќе го напушти северен Лондон.

Ереиксен не играше многу кај Маурисио Покетино од почетокот на сезоната, а статусот не му е сменет и по доаѓањето на Жозе Мурињо.

Бидејќи е незадоволен и сака да си оди Мурињо има намера да му ја исполни желбата, а и клубот ќе заработи некоја фунта од неговата продажба.

Голем интерес за Ериксен досега покажале Реал Мадрид, Интер и Јувентус.

Кристијан Ериксен во Тотенхем пристигна во 2013 година од Ајакс.

Scroll to Top