Top Sport

„Мурињо ќе се врати во Реал“

Поранешниот претседател на реал Мадрид, Рамон Калдерон, очекува во текот на летото Жозе Мурињо да се врати во клубот. Мурињо е нема работа од декември минатата година кога доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Периодот до крајот на сезоната Португалецот го користи за работа во неколку телевизиски куќи. Самиот истакнал дека до јуни ќе најде нов ангажман.

„Имам чувство, дури и повеќе од тоа, дека Мурињо, од наредната сезона, ќе седи на клупата на Реал“, рекол Калдерон.

Реал е трет на табелата во Шпанија, во средата испаднаа од Купот, а во Лигата на шампионите пред реваншот со Ајкас имаат предност од 2:1.

Scroll to Top