Top Sport

Јокиќ ја уништи Јута и најдобриот дефанзивец во лигата (Видео)

Монструозната партија на Никола Јокиќ против најдобриот дефанзивец во НБА лигата Руди Гобер ја обележа изминатата кошаркарска ноќ преку Атлантикот.

Денвер Нагетс, во Солт Лејк сити ја совладаа Јута Џез со 98:95. Поради трејдот што го реализираа ден претходно, тренерот на Денвер Мајк Мелоун во ротацијата имаше само седум играчи.

Јокиќ одигра неверојатен меч кој го заврши со 30 поени, 21 скока, 10 асистенции, две украдени и само една загубена топка. Покрај Јокиќ кај Денвер се истакна и Џамал Мареј со 31 поен и четири асистенции.

На спротивната страна најефикасни беа Мајк Конли со 21 поен, осум скока и пет асистенции, односно Донован Мичел со 18 поени и осум скока.

Денвер се трети на Западот со 36 победи и 16 порази, додека Јута се на петтото место со 32 победи и 18 порази.

Резултати:

Детроит-Финикс 116.108
Бостон-Орландо 116:100
Бруклин-Голден стејт 129:88
Торонто-Индијана 119:118
Минесота-Атланта 120:127
Оклахома-Кливленд 109:103
Далас-Мемфис 107:121
ЛА Клиперс-Мајами 128:111

Scroll to Top