Top Sport

Мурињо лут на судиите, му порача на Заниоло да си оди од Италија

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги пофали соите играчи и покрај 1:0 поразот од Болоња, и лут на одлуките на судиите му порача на својот фудбалер Николо Заниоло да си замине од Италија. Рома сега е на шест поени од четвртото место каде што е Аталанта, и фрустрацијата на Португалецот расте.

„Честитки до Синиша Михајловиќ и Болоња, одиграа добар меч, но и моите момци беа добри. Дадоа максиму против секого и сите. Повреди пред натпреварот, повреди на натпреварот, но продолжија да се борат. Ќе завршам со една проценка. Сакам да кажам нешто што е во спротивност на моите интереси – да бев Николо Заниоло ќе размислев дека играњето во Серија А значи дека работите се против мене“, вели Мурињо.

Scroll to Top