Top Sport

НБА: 60 трипл-дабл на Леброн, нови победи на Селтикс и Рокетс (Видео)

Најдобриот играч на денешницата Леброн Џејмс го обележа натпреварот против Јута Џез. Кливленд славеше 109:100, а Леброн го забележа 60.трипл-дабл во кариерата со штп на вечната листа, на шестото место, го мина легендарниот Лери Бирд.

Леброн петти пат сезонава оствари двоцифрени бројки во три статистички категории. Натпреварот го заврши со 29 поени, 11 скока, 10 асистенции. Одличен натпревар во 22.сезонска победа на Кливленд одиграа резервите Корвер (12 п), Грин (11 п) и Осман (10 п).

Поразениот тим го предводеше дебитантот Донован Мичел кој постигна 26 поени.

Победи забележаа и лидеирите во двете конференции, Хјустон Рокетс и Бостон Селтикс.

Хјустон како домаќин го победи Милвоки Бакс 115:111. Бековската двојка Крис Пол и Џејмс Харден искомбинираа 56 поени. Пол мечот го заврши со 25 поени, 5 скока, 6 асистенции, а Харден со 31 поен, 6 скока и 5 асистенции.

Стандарден кај Милвоки беше Јанис Адетокумбо (28 поени, 9 скока, 5 асистенции).

Бостон победи во мемфис и стигна до 25.победа во сезоната, а Мемфис го забележа 21.пораз. Селтикс славеа со 102:93, во натпревар во кој белскаа двајца играчи на Мемфис. Марк Гасол (30 поени, 10 скока) и Тајрик Евенас (25 поени).

Кај победникот се истакнаа Кајри Ирвинг со 20 и Џејсон Тејтум со 19 поени и 9 скока.

Scroll to Top