Top Sport

Мурињо: На вештачки терен не се игра фудбал, тоа е друг спорт

Жозе Мурињо ги предупреди своите играчи дека гостувањето кај ХЈК Хелсинки ќе биде сличен предизвик како мечевите со Бодо/Глимт минатата сезона, бидејќи „да се игра на вештачки терен, тоа не е фудбал, туку некој друг спорт“.

Мечот од Лига Европа се игра утре во Хелсинки, откако на „Олимпико“ Рома победи со 3:0. На „волчицата“ и е неопходна победа, бидејќи се на третото место на табелата со 4 поени, зад Лудогоре со 7 и Реал Бетис со 10. Во последното коло, Рома игра со бугарскиот шампион Лудогорец, кои ги шокираа во првиот меч. Лани, Рома загуби со 6:1 од норвешкиот Бодо/Глимт на вештачки терен.

„Ни треба победа и нема да биде лесно. Не дојдовме во Финска на одмор. Им честитав во Рим и им порачав дек имт организиран тим. Порано во овој дел од светот имаше само добри индивидуалци, а сега има силни тимови. Условите се тие кои се и мораме да играме. Уште тврдам дека играњето на вештачки терен не е фудбал. Тоа е сосема поинаков спорт, така што тие што се навикнати имаат предност. Лани двапати игравме на вештачки терен и двапати загубивме, еднаш со рекорден резултат. Ја видовте вистината кога ги ‘уништивме’ Бодо/Глимт на ‘Олимпико’. Утре нема да имаме таква можност – ако загубиме, тогаш сме во аут“, вели Мурињо.

Scroll to Top