Жозе Мурињо не славно го заврши својот мандат на кормилото, на Манчестер Јунајтед. Во екот на медиумските шпекулации, Португалецот се пофали со својата нова работа.
Освојувачот на Лигата на шампионите со Порто и Интер, објави дека ќе има своја емисија, во која ќе се занимава со фудбалските случувања низ целиот свет. Мурињо до крајот на сезоната ќе работи на телевизијата „Russia Today“.
Португалецот со оваа телевизија соработуваше и за време на Светското првенство во Русија.
Повеќе детали за емисијата нема, единствено што открил Португалецот е дека нејзиното име ќе биде „On the touchline with Jose Mourinho“.
As the world discusses what’s next for Jose Mourinho, we have the answer…https://t.co/2kGsQ7OSFC
#JoseMourinho #ChampionsLeague #Mourinho pic.twitter.com/Utki5qGCg8
— RT Sport (on Fight Island) ?️ (@RTSportNews) February 11, 2019