Драматичната победа над Јувентус во Торино очигледно му „легна“ на Жозе Мурињо, кој реши да ги провоцира навивачите на домашниот тим и мораше да добие придружба да биде изнесен од стадионот.
По победата со двата брзи гола во финишот на мечот од Лигата на шампионите, страстите беа зовриени, и португалскиот тренер реши да ја прослави победата со шетање на теренот и провокации кон навивачите на Јувентус. Леонардо Бонучи се обиде да го вразуми, пред да биде изнесен од теренот во придружба на луѓето од Јунајтед.
THE BEAUTIFUL GAME.
pic.twitter.com/pk3JhAvbm6— José (@MourinhoMindset) November 7, 2018
Јунајтед и Погба со невиден пресврт во Торино, Реал „кралски“ во Чешка (видео)