Жозе Мурињо, тренерот на Рома, не го гледал натпреварот Германија-Јапониј, но не го изненадила победата на Јапонците.
„Секако дека тоа е фантастично достигнување, но да бидам искрен, не е неверојатно изненадување. Јапонија е добар тим, има добри играчи, акумулира искуство на вакви турнири. Повеќето од играчите играат во Европа каде што побрзо се развиваат и подобро разберат што значи да се игра на највисоко ниво“, изјави Мурињо.
Искусниот португалски тренер го посочи егото како непријател на европските тимови. Егото на дело го покажа Антонио Ридигер против Такума Асано. Казната за таквиот потег Германците ги стигна две минуит подоцна, кога Асано го постигна голот за победа.
„Мислам дека менталитетот на играчите и тимот може да направи разлика. Во моментов во европскиот фудбал има голем фокус на поединци, на егото и кога го гледам менталитетот на луѓето и на земјата, никогаш не сум тренирав јапонски играчи, но работев со азиски играчи, имав среќа да го тренирам најдобриот азиски играч и менталитетот е навистина посебен. Тимот е најважен, тие играат за тимот, а не за себе“, истакна тренерот на Рома.