Top Sport

Мурињо: Не верувам дека промените на Солскјер се долгорочни

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, за телевизијата „Беин“, говорел за промената на менаџерот во Фулам и во таа пригода го спомнал и привремениот менаџер на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

„Дали Фулам можеше да најдат подобар менаџер од Клаудио Раниери? Никако. Дали можете да го споредувате искуството на Раниери и Скот Паркер? Никако“, рекол Мурињо и потоа проговорил и за Солскјер.

„Некогаш во фудбалот, а таков пример е мојот поранешен клуб, се носат моментални промени. Јас премногу не верувам во такви промени, не верувам дека се долгорочни. Тоа се моментални промени и понекогаш даваат резултати“, заклучил Португалецот.

Инаку, откако Мурињо замина од „Олд Трафорд“, животот во клубот на сите им е многу полесен. Солскјер не само то ги врати добрите резултати туку ја врати и добрата атмосфера во клубот.

Scroll to Top