Англија со четири екипи влегува во денешната ждрепка во Лигата на шампионите. Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, ги открил своите желби пред извлегувањето на четврт-финалните двојки.
„Би сакал англиските екипи да играат меѓу себе. Доколу ждреката ги спои Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, односно Тотенхем и Ливерпул, тоа би биле сјајни натпревари“, рекол Мурињо.
Мурињо, во минатото во 2005 и 2007 година ги предводел Челси против Ливерпул. И во двата случаи тимот на Мурињо бил елиминиран.
Доколку англиските тимови се сретнат во четврт-финалето, тогаш Портгалецот има желба и за останатите четири тима: Ајакс, Порто, Јувентус, Барселона.
„Би сакал да играат Ајакс и Порто“, рекол Муриео, а кога го прашале дали сака Барса и Јуве да се сретнат во четврт-финалето, тој рекол: „Не би сакал таква двојка сега. Тоа заслужува да биде финале“.
Ждрепката во Нион ќе започне во 12 часот.