Top Sport

Мурињо: Некои би кажале дека сум копиле

Жозе Мурињо вели дека тешко е да се верува дека неговата следна работа ќе биде во Премиер лигата, но инсистира дека неговите остварувања не треба да се заборават и покрај неуспехот со Манчестер јунајтед.

Португалецот беше отпуштен во декември откако низата на разочарувачки резултати кулминираше со 3:1 поразот од Ливерпул. Во две и пол сезони со Јунајтед, тој ја освои Лига Европа и Лига купот, но фановите очекуваа многу повеќе од 56-годишниот Мурињо, кој освои ЛШ со Порто и Интер и домашни титули со Челси и Реал Мадрид.

„Пак сум во Лондон, но не мислам дека следната станица ќе биде во Премиер лигата. Трофеите се гаранција за успех во иднината, и тие кои го посакуваат тоа, не можат да го заборават мојот успех. Последниот трофеј беше во Лига Европа пред година и пол, иако некои се однесуваат дека се работи за нешто пред 20 години. Последен пат играв финале пред осум месеци во ФА купот“, вели Мурињо.

Тој исто така беше запрашан што носи за својот потенцијален работодавач.

„Би донел квалитет, знаење, искуство и бескрајна амбиција. Но, исто така сум ужасен по пораз, ужасен со луѓето кои имаат помала амбиција. Велат Жозе е емоционален, премногу мисли за другите. Како би ме опишале моите поранешни фудбалери? Некои би кажале дека сум копиле. Зошто би ме избрале? Па, за да победуваат“, додава Мурињо.

Scroll to Top