Top Sport

Зидан е брутален: Колку тоа титули има освоено Барселона?

Зинедин Зидан останува на мислењето дека Реал Мадрид уште се најпрестижниот тим во Ла лига и покрај тоа што Барселона речиси сигурно се шампиони и оваа сезона.

Реал Мадрид има 33 титули од Шпанија во својат историја, додека Барселона ја брка својата 26. титула и францускиот тренер ги потсети на бројките навивачите на Каталонците. Зидан признава дека Ла лига е најважниот трофеј кој може да се освои, но доминацијата последните години на Барселона не значи дека  тие се најдобрите.

„Ла лига е многу важна и тоа е секојдневна цел. Тоа ќе биде нашата прва цел следната сезона. Ние имаме 33 титули од Ла лига, колку имаат Барселона? Да, им оди добро во последните години и тоа мораме да го признаеме, но во историјата ние имаме многу повеќе титули. За мене тоа останува најважната титула“, вели Зидан.

Scroll to Top