Top Sport

Мурињо од одамна му го „собира“ на Карсдорп според италијанските медиуми

Италијанските медиуми тврдат дека Жозе Мурињо подолго време е незадоволен од играта на Рик Карсдорп, откако влезе во неверојатен напад на својот играч по 1:1 ремито со Сасуоло, но посочуваат на три моменти од мечот кои предизвикаа португалскиот тренер индиректно да го нарече Холанѓанецот „предавник“ и да му порача да си замине во јануари.

Според „Кориере дело спорт“, Мурињо прво се налутил кога го внесол Карсдорп во игра како замена за Зеки Челик, бидејќи тој не бил подготвен и морал да му дава инструкции додека тој го облекувал дресот. Потоа, 27-годишниот дефанзивец не го прославувал голот на Теми Ејбрахам и наместо тоа се расправал со Брајан Кристанте, за на крајот да биде главен виновник за израмнувачкиот гол на Андреа Пинамонти откако не успеал да го сопре Арман Лориенте да направи пробив на половината на Рома.

Според „Калчомеркато“, Мурињо го загубил трпението со Карсдорп уште пред мечот со Лудогорец во септември, а покрај тоа бил лут кога тој бил забележан како бил во една локална кафеана по 1:0 поразот од Лацио минатата недела.

Весникот „Ил темпо“, пак, додава дека Карсдорп бил изненаден од реакцијата на Мурињо и барал итен состанок со генерлниот менаџер на тимот, Тијаго Пинто за да се „разјасни“ ситуацијата.

Мурињо: Бевме предадени од еден играч

Scroll to Top