Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо рекол дека нема да прифати нов петгодишен договор со клубот, според кој би требало да заработува 250.000 неделно. Челниците на „црвените ѓаволи“ се подготвени да му понудат на Мурињо 65 милиони фунти за да го задржат Португалецот откако сериозен интерес за неговите услуги покажува ПСЖ.
Како што пишува специјализираниот фудбалски портал „Гол“ ПСЖ кој минатото лето потроши многу парии со трансферите на Нејмар и Мбапе формира исклучително силен тим, го сака на клупата Муроњо, што без работа би го оставило Унаи Емери.
Мурињо неодамна за француската телевизија „ТФ1“ рекол дека се уште како менаџер има свои грижи и амбиции, но и дека кај него уште е присутна желбата за нови искуства.
„И не верувам…не, сигурен сум дека нема кариерата да ја завршам во Манчестер Јунајтед. Пред некој ден мојот син кој живее во Лондон беше во Париз, а не во Манчестер за да гледа натпревар. Зошто? Бидејќи во овој момент во Париз се наоѓа нешто посебно. Магија, квалитет, младост, тоа е фантастично“, рекол Мурињо.
Тој дополнил дека во моментов ништо не се случува по прашањето за трансфер во ПСЖ.
„Нема да потпишам нов петгодишен договор, но и нема да се преселам во ПСЖ. Имам договор и тоа е тоа. Единствено што не беше погрешно протолкувано и делот дека нема кариерата да ја завршам во Манчестер Јунајтед. Поради тоа сакам да ве прашам како во модерниот фудбал е можно тогаш менаџер да трае 15 или 20 години“, рекол Португалецот.
Жозе Мурињо Манчестер Јунајтед го презеде во 2016 година и сметајќи ја и оваа, има уште да одработи две сезони на „Олд Трафорд“.