Top Sport

Мурињо останува Мурињо – на пријателски меч бараше црвен картон

На тренерот на Рома, Жозе Мурињо не му пречеше што се работи за пријателски меч, излегувајќи на теренот и барајќи црвен картон за еден од играчите на англискиот второлигаш Сандерленд на пријтелскиот меч во Португалија.

Рома, актуелниот шампион од Конференциската лига на УЕФА, беше за класа подобра од својот противник, иако 2:0 победата беше обезбедена во второто полувреме, но најинтересниот момент на мечот беше кога Португалецот истрча на теренот барајќи црвен картон за фудбалерот на Сандерленд, Лук О’Нин во 40. минута, откако тој имаше остар старт над Роџер Ибањез.

На крајот, О’Нин заврши само со жолт картон и веднаш беше изваден од игра.

Scroll to Top