Top Sport

Мурињо по казната за Афена-Гијан реши да го „шпиунира“

Со Жозе Мурињо никогаш не е здодевно. Тренерот на Рома повторно е хит на социјалните мрежи со видео во кое го „шпиунира“ сопствениот фудбалер, Феликс Афена-Гијан, откако му ѕиркаше во мобилниот телефон на 19-годишниот напаѓач.

Младиот фудбалер од Гана беше пратен да тренира со Примавера (младинскиот) тим како казна откако Мурињо дознал дека и покрај забраната имал бурна вечер со соиграчите, пред да го врати во сениорскиот тим пред мечот со Аталанта. Овојпат, тој очигледно сакаше да провери што точно планира тинејџерот на својот телефон.

Мурињо и Афена-Гијан веќе добро се познаваат, откако во ноември, тренерот му купи нови патики кога тој даде два гола за 2:0 победа над Џенова.

Мурињо го исполни ветувањето – му купи патики од 800 евра на Афена-Гијан

Scroll to Top