Top Sport

Мурињо: Распоредот е против законите на биологијата

Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо ја критикувал Премиер лигата поради распоредот за празниците. Тотенхем вчера го победија Брајтон со 2:1, а наредниот меч го играат в сабота против Норич.

„Не ми е јасно како од овие момци очекуваат да играат повторно по само 48 часа“, рекол Мурињо.

„Злостор е што ќе бидеме повторно на теренот на 28 декември. Тоа е против законите на психологијата, биологијата и биохемијата.“

Португалецот за натпреварот против Норич нема да може да смета на Сон, Хари Винкс и Муса Сисоко.

„Од овие тројца двајца се суспендирани. Сон и Винкс се суспендирани без причина“, заклучил Мурињо.

Инаку против густиот распоред за време на празниците вчера својот глас го крена и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Клоп: Ова е злосторство

Scroll to Top