Top Sport

Мурињо: Се бранеа со деветмина, не ја заслужија победата

Жозе Мурињо со Манчестер јунајтед не успеа со трофеј да ја заврши оваа сезона. Во неделното финал, во ФА купот, Манчестер јунајтед беше поразен од поранешниот тим на Португалецот, Челси со 1-0.

Еден Азар го сруши Манчестер јунајтед на Вембли. Белгиецот во 23.минута избори пенал кој потоа го претвори во гол.

„Им честитам бидејќи победија, но мислам дека не ја заслужија победата. Им честитам бидејќи сум спортсмен. Постигнаа еден гол и го освоија Купот. Мислам дека ние ја заслуживме победата. Бевме подобри на теренот. Можам да замислам што ќе беше доколку мојот тим играше на начин на кој што играше тимот на Конте. Што ќе се зборуваше тогаш. Ни беше тешко да играме без Лукаку, против тим што се бранеше со деветмина…тоа за нив е нормална игра. Важно одо овој меч за мене е тоа што Де Хеа ја допре топката само кога таа беше во мрежата“, рекол Мурињо по натпреварот.

Португалецот против својот поранешен клуб го доживеа првиот пораз во финалните натпревари во ФА купот.

Челси го освои ФА купот (Видео)

Scroll to Top